„И покрај тешката борба со огнената стихија, имавме и една несекојдневна и убава случка. Во метежот и огнот, скопските пожарникари успеаја да спасат теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо. Една мала победа во тешкиот ден“, рече директорот на ЦУК
Спасено е теле кое останало на опожарениот терен за време на големиот пожар над селото Палинград на планината Китка, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.

Телето било забележано од пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје, кои успеале да го извлечат животното од опожареното подрачје.
„Вчера додека бев на местото на големиот пожар над селото Палинград на планинатата Китка, покрај тешката борба со огнената стихија, имавме и една несекојдневна и убава случка. Во метежот и огнот, скопските пожарникари успеаја да спасат теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо. Една мала победа во тешкиот ден“,
соопшти директорот на ЦУК.
Во таквите моменти, според него, секој живот е важен.
„Меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме едно мало суштество“,
кажа тој.
Според него, пожарите не ја загрозуваат само природата, имот и животот на луѓето, туку и животните кои остануваат беспомошни пред огнената стихија.
„Затоа, апелирам на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имото и животните“,
додаде директорот на ЦУК.
