Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска до 19 часот регистрирани се вкупно 35 пожари, изгаснати се 13, под контрола се пет, а активни се 17.
Активни се пожарите на следните локации:
- МАКЕДОНСКИ БРОД 1: Јасен – Белица (гасне еден хеликоптер на МВР, 60 припадници на АРМ, три ТППЕ возила, НШ, 4 НП, гори борова шума);
- РЕСЕН и ОХРИД: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, Општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (гасне еден „Ертрактор“ на ДЗС на ресенска страна,120 лица вкупно – ДЗС, ТППЕ, НП, Планинска спасителна служба, доброволци и други лица, а гори нискостеблеста вегетација и букова шума);
- ДОЛНЕНИ: с. Дебреште, крак кон с. Зрзе (Осум ТППЕ, НШ, месно население, како и крак кон с. Крапа, Општина Македонски Брод, гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева);
- НОВАЦИ: с. Полог – Брник – Ивени – Рапеш – Паралово (Шест ТППЕ, месно население, гори ниска вегетација, деградирана шума);
- КИЧЕВО 1: с. Цер, планина Љубин (гасне еден хеликоптер на МВР, 25 МВР, 20 АРМ, 5 ДЗС, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар, гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација);
- КИЧЕВО 2: с. Патеец – с. Козичино, проширен кон с. Дупјани (5 НШ, гори борова и букова шума);
- ВАЛАНДОВО: с. Казандол, м.в. Чештово (6 ТППЕ, 4 НШ, едно ловечко друштво, гори нискостеблеста шума, прнар, сува трева);
- ПЛАСНИЦА: с. Пласница – с. Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
- МАКЕДОНСКИ БРОД 2: с. Девич, м.в. Вртешка (мешана шума)
- ДЕБАР: с. Гари на планина Стогово (10 НШ, гори мешана шума);
- ЧАШКА: с. Мокрени (10 НШ, 4 ТППЕ, 7 месно население, гори нискостеблеста дабова шума);
- МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: с. Цера (4 ТППЕ, 1 НШ, гори мешана шума, повторно се разгорел на еден крак);
- ВАСИЛЕВО: м.в. Карбино (З ИК Слобода, кон с. Владевци 20 ТППЕ, гори нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки);
- САРАЈ: с. Кондово (5 ТППЕ, гори ѓубре и сува трева);
- СТРУГА 1: с. Велешта – с. Долна Белица (2 ТППЕ, горат стрништа и сува трева);
- СТРУГА 2: с. Мороишта – с. Мислешево (4 ТППЕ, горат стрништа и сува трева):
- ГЕВГЕЛИЈА: с. Давидово (4ТППЕ, горат грмушки и сува трева).
Под контрола се пожарите во:
- МАКЕДОНСКИ БРОД: с. Грешница (мешана шума);
- ДЕМИР ХИСАР: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (8 НШ, 4 месно население, гори ниска вегетација);
- ДЕЛЧЕВО: Депонија Делчево (1 ЈКП);
- ЧАШКА 1: с. Папрадиште и с. Ореше (1 НШ, гори мешана шума);
- ЧАШКА 2: Планина Мукос кон с. Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума);
Тринаесетте изгаснати пожари гореле во:
- БИТОЛА: с. Острец (2 ТППЕ, 4 НШ,2 НП, 3 РЕК Битола месно население, горела сува трева, мешана шума);
- ЧЕШИНОВО ОБЛЕШЕВО: с. Уларци (2 ТППЕ, горело стрниште);
- ПРОБИШТИП 1: с. Ратковица (2 ТППЕ, горела мешана шума);
- ПРОБИШТИП 2: с. Лезово (2 ТППЕ, горела нискостеблеста вегетација);
- ПЕХЧЕВО: с. Негрево (10 НШ, 6 ДЗС, 2 ЕЛС, горела мешана шума);
- РЕСЕН : с. Болно – с. Илино (16 НШ, горела букова шума);
- КАВАДАРЦИ: с. Ваташа, м.в. Фуштани (5 ТППЕ, горела ниска вегетација и сува трева);
- КУМАНОВО: локалитет Менкова Колиба (3 ТППЕ, гореле стрниште и сува трева);
- СТАРО НАГОРИЧАНЕ: с. Младо Нагоричане (2 ТППЕ, гореле стрниште и сува трева);
- ЖЕЛИНО: с. Чифлик (4 ТППЕ, горела сува трева);
- ГОСТИВАР 1: с. Балиндол (3 ТППЕ, горела сува трева);
- ГОСТИВАР 2: с. Неготино (3 ТППЕ, горела сува трева);
- РАДОВИШ: с. Подареш (2 ТППЕ, горела депонија).