На територијата на државата помагаат еден хеликоптер од Србија, еден од Чешка, еден од Словенија, два од Унгарија, два „ертрактори“ од Шведска и два од Германија
Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 42 пожари на отворено од кои 33 се изгаснати, четири се ставени под контрола, а пет сè уште се активни, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во:
- Општина Македонски Брод, кај селата Тажево, Брезница и еден крак кон Јасен;
- Во Општина Демир Хисар и Општина Охрид – Илинска планина кај село Базерник;
- Општина Охрид, кај селата Косел, Расино, Опеница – Вапила активен на четири точки;
- Општина Богданци кај место викано Ветерен пат Богданци;
- Општина Пробиштип кај селата Зеленград и Јамиште.
Под контрола се ставени пожарите во:
- Општина Кочани кај селото Пресека;
- Општина Свети Николе кај селото Патетино;
- Општина Пласница кај селата Пласница и Ластово, Македонски Брод;
- Општина Македонска Каменица кај селото Дулица.
Ангелов вчера соопшти дека од 17 пожари на отворено, шест се целосно изгаснати, а пет се ставени под целосна контрола, посочувајќи дека првиот и најсложен пожар за гаснење е на територијата на Општина Македонски Брод, во атарот на селата Тажево и Брезница, пожар за кој рече дека беснее со денови.
На територијата на државата помагаат еден хеликоптер од Србија, еден од Чешка, еден од Словенија, два од Унгарија, два „ертрактори“ од Шведска и два од Германија. На помош е пристигнат и тим од Унгарија со 46 лица, со специјални теренски возила за движење по тешко пристапни предели.