„Обилните врнежи од дожд во претходните денови предизвикале зголемување на нивото на водата во речното корито на реката Пчиња. Големиот доток на вода нанел и пообилна количина на дрвна маса, која вршела притисок на столбовите на мостот пред влезот на селото Бадар“, се вели во соопштението од Центарот за управување со кризи
Исчистено е речното корито на реката Пчиња кај мостот пред влезот во селото Бадар во Општина Петровец, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Со тоа е отстранета опасноста да се срушат столбовите на мостот поради насобраната дрвна маса и притисокот од водата.
„Обилните врнежи од дожд во претходните денови предизвикале зголемување на нивото на водата во речното корито на реката Пчиња. Големиот доток на вода нанел и пообилна количина на дрвна маса, која вршела притисок на столбовите на мостот пред влезот на селото Бадар“,
велат од ЦУК.
Оттаму посочија дека информацијата за ваквата состојба ја добиле по пријава од граѓани дека мостот е стар и дека некои од столбовите се закосени, и постои опасност тие да се срушат.
„Ги известивме Општина Петровец и АД ‘Водостопанство’ за надминување на состојбата и отстранување на опасноста“,
пишува во соопштението.
Во текот на денешниот ден, според ЦУК, е ангажирана соодветна механизација и дрвната маса е исчистена од речното корито.