Оттаму посочија и дека тим од три члена на ДЗС тргнал кон местото на настанот, со цел, како што посочуваат, да ги извлечат залутаните лица од опасниот стрмен дел меѓу селото Кожле и Велес
Четворица планинари, меѓу кои има и едно седумгодишно дете, го згрешиле патот и залутале на стрмно место меѓу селото Кожле, на патот кон Велес, односно на место познато и како Манастирски Мост.
Оваа информација попладнево ја соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде што посочуваат дека добиле пријава за овој случај добиле на единствениот повикувачки број 112.
„Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координирал за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС Велес и општина Велес“,
велат од ЦУК.
Оттаму посочија и дека тим од три члена на ДЗС тргнал кон местото на настанот, со цел, како што посочуваат, да ги извлечат залутаните лица од опасниот стрмен дел меѓу селото Кожле и Велес.