Демократијата беше тестирана во последниве години, но американскиот народ зборуваше со својот глас. Гласачите јасно кажаа дека не сакаат политички битки, туку сакаат да работиме заедно, рече американскиот претседател во неговото обраќање од Белата куќа, по завршување на среднорочните избори
„Ова беше добар ден за Америка и за демократијата“, рече американскиот претседател Џо Бајден во неговото обраќање од Белата куќа, по завршување на среднорочните избори. Сепак Бајден не прецизираше дали ќе се кандидира или не за уште еден мандат на претседателските избори во 2024 година додавајќи дека за ова дополнително ќе одлучи и додаде дека оваа одлука на крајот е семејна одлука.
„Демократијата беше тестирана во последниве години, но американскиот народ зборуваше со својот глас. Гласачите јасно кажаа дека не сакаат политички битки, туку сакаат да работиме заедно“,
рече Бајден.
Тој вечерва ги слави успесите на Демократите.
„Експертите предвидуваа „црвен бран“, но тоа не се случи“,
рече Бајден, осврнувајќи се на резултатите што ги постигнаа Републиканците, додавајќи дека многу резултати во клучните трки се уште се бројат.
Бајден рече дека секое место што ќе го изгуби неговата партија на изборите е голема загуба. Но, тој истакна дека неговата партија „изгубила помалку места во Претставничкиот дом отколку на кои било дополнителни избори во последните 40 години“.
„Гласачите не сакаат нови даноци, туку сакаат даноци за големите корпорации. Кога средната класа е успешна, тоа и помага на целата земја. Треба да ги намалиме даноците за средната и работничката класа. Ако сакате да бидете мулти- милионер, тоа е во ред, но плати си ги давачките. Секој треба да ги исполни своите обврски“,
рече Бајден.
Бајден рече дека под никакви околности нема да ги поддржи предлозите на сенаторот за промена на системот за здравствено осигурување.
„Мораме да се погрижиме да нема зголемување на федералните даноци. Ќе ставам вето на секоја забрана за абортус. На прво место го ставам интересот на американскиот народ“,
додаде Бајден.
Тој додаде дека никогаш не бил поголем оптимист за иднината на Америка како што е денес, особено поради сите млади луѓе кои излегле да гласаат.
„Тие се најангажираната генерација во американската историја. Сè уште верувам дека ова е голема нација, ние сме одлични луѓе. Ништо не е надвор од нашите можности ако работиме заедно. Ние сме САД. Сигурен сум дека ќе можеме да направиме многу“,
потенцираше Бајден.
Бајден ја повтори својата посветеност на борбата против климатските промени.
„Подготвен сум да работам со моите републикански колеги и американскиот народ јасно стави до знаење дека Републиканците треба да бидат подготвени да соработуваат со мене“,
рече Бајден.
На новинарско прашање Бајден што би направил за да ги привлече оние кои мислат дека земјата оди во погрешна насока Бајден едноставно рече „Ништо“.
„Нема да ја сменам насоката. Но, целосно ја разбирам легитимната загриженост дека она што го кажувам е погрешно“,
продолжи Бајден.
Бајден вели дека е можно Демократите да го задржат Претставничкиот дом, но дека трката е многу блиска.
Претседателот Бајден беше прашан за коментарот на републиканскиот лидер во Претставничкиот дом Кевин Мекарти дека Републиканците ќе го вратат мнозинството во Претставничкиот дом и дали мисли дека Мекарти е во право, Бајден одговори дека смета оти демократите се уште имаат шанса да го задржат Претставничкиот дом, но дека трката ќе биде многу тесна.