Аналитичарите прогнозираат дека следната вредност на биткоинот што ќе ја бара пазарот е 110 илјади долари
Вредноста на најпознатата криптовалута биткоин утрово достигна рекордно високо ниво и по првпат надмина 105 илјади долари, пренесува Би-би-си.
Според Ројтерс, вредноста на биткоинот се зголемува откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), а за време на неговата кампања ветуваше дека ќе го направи стратегиски резервен фонд.
Аналитичарите прогнозираат дека следната вредност на биткоинот што ќе ја бара пазарот е 110 илјади долари.
На 5 декември цената на биткоинот по првпат ја премина границата од 100 илјади долари.
Дигиталната валута е создадена во 2008 година како низи од компјутерски кодови, без физичка форма, од развивач на софтвер што го користи псевдонимот Сатоши Накамото, чиј идентитет сè уште не е потврден.
Поддржувачите ја поздравија монетата и поширокиот криптопростор како иднина на финансиите.
Досега не се остварија предвидувањата дека биткоинот може да стане главно алтернативно средство за плаќање на стоки и услуги.