Според Царовска, која веќе нема да биде министерка во новата влада, во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација е тие да следат настава со физичко присуство и затоа училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, како што е препораката од Светска банка и УНИЦЕФ
Министерството за образование и наука е во постојана координација со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести кои ја преоценуваат состојбата и на располагање стојат и другите сценарија, изјави министерката Мила Царовска на прашањето дали ќе продолжи зимскиот распуст и по 20 јануари, кога учениците треба да го почнат второто полугодие.
Според Царовска, која веќе нема да биде министерка во новата влада, во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација е тие да следат настава со физичко присуство и затоа училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, како што е препораката од Светска банка и УНИЦЕФ.
„Покажавме дека во првото полугодие учениците успешно следеа настава со физичко присуство, немаше поголем број заразени од 0,2 проценти вкупно активни на целата територија на државата од 255 илјади ученици со физичко присуство, а на дневно ниво немаше поголем процент од 0,03. Тоа укажуваше на стабилност на состојбата и затоа успешно го завршивме првото полугодие“,
додаде Царовска одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на изградба на основно училиште во Визбегово.