Од МВР велат дека во сообраќајната несреќа учествувале три возила

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што попладнево се случи во скопската населба Автокоманда, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Дел од повредените се префрлени во болница“,
додаваат од МВР.
Оттаму велат дека во сообраќајната несреќа учествувале три возила.
Во сообраќајната несреќа на булеварот „Александар Македонски“ околу раскрсницата со улицата „16-та Македонска бригада“, едното од возилата од ударот е превртено на кров.
На местото на настанот излезена е полициска екипа која врши увид.