Според Министерството за внатрешни работи на БиХ, загинатите се тројца вработени во училиште во Сански Мост
Вработен во гимназија во градот Сански Мост во Босна и Херцеговина застрелал тројца свои колеги. Според информациите, престрелката се случила утринава во 10:15 часот. Откако осомничениот го извршил нападот, се обидел да си го одземе животот пукајќи си во главата. По ова, тој бил пренесен во болницата во Бања Лука во тешка состојба.
Според очевидци на настанот, вооружениот влегол во просториите на гимназијата со автоматска пушка, со претходно утврдени цели. Тој ги застрелал директорот на гимназијата Нијаз Халиловиќ, секретарката Нисвета Кљуниќ и професорката по англиски јазик Гордана Миџан. Телата на загинатите се пренесени во Здравствениот дом Сански Мост.
„Лицето М.В со автоматско огнено оружје убил тројца вработени во училиштето. Потоа тој се обидел да си пресуди и се здобил со тешки телесни повреди. Префрлен во Ургентниот центар во Бања Лука. Полицијата е на местото на настанот“,
изјави портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон Аднан Бегановиќ.
Инаку, според неофицијални информации, мотивот за грозоморното убиство биле поранешни несогласувања со загинатите, а пред извесно време за него била изречена и дисциплинска казна.
Pucnjava u Sanskom Mostu, troje mrtvih pic.twitter.com/w8hBrqyBG9
— Nezavisne novine (@NezavisneBL) August 21, 2024