„Кешиковски од ССМ прима плата од над 50 илјади денари. Вкупните примања во 2023 година, во кои влегува и неговата плата и примања по други основи биле над 810 илјади денари. Ова се синдикалниците на Трендафилов и ССМ. Не се знае кој од кој имаат поголеми примања“, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушовски
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини раководството на Сојузот на синдикати на Македонија дека прима високи плати, но и дека некои негови членови остваруваат и други приходи што доаѓаат од активности надвор од работењето во ССМ.
Пратеникот Бране Петрушевски денеска на прес-конференција рече дека од информациите што ги добиле од свиркачи во ССМ, Стојанче Кашиковски, претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбено стопанство, покрај платата, остварува и дополнителни годишни примања.

„Кешиковски од ССМ прима плата од над 50 илјади денари. Вкупните примања во 2023 година, во кои влегува и неговата плата и примања по други основи биле над 810 илјади денари. Ова се синдикалниците на Трендафилов и ССМ. Не се знае кој од кој имаат поголеми примања“,
вели Петрушевски.
Посочи дека според свиркачите на ССМ, кои во голем дел се разочарани од актуелното раководство, Слободан Трендафилов, претседателот на ССМ и луѓето околу него, го претвориле синдикатот во приватна фирма.
„Трендафилов и луѓето околу него одработуваат за нивните позиции по ноти на СДС, кои ги поставија на нелегитимен начин“,
кажа пратеникот.
Инаку, од ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку пати посочуваат дека додека Трендафилов и раководството на ССМ ги лаже работниците за минималец, тие земаат високи плати.
На 2 април во 12:05 часот, Сојуз на Синдикати на Македонија (ССМ) најави дека ќе одржи протест на улиците во Скопје.
Одлуката за протест доаѓа откако Владата во вторникот ја усвои информацијата за минималната плата да се зголеми за 1 800 денари во нето-износ.