Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека апсењето на неговиот поранешен советник Стив Бенон е многу тажна работа.
„Тоа е многу тажна работа за господинот Бенон. Изненадувачки е“,
рече Трамп.
Тој додаде дека кога прочитал за проектот „Градиме ѕид“, уште од старт не му се допаднал.
Покрај Бенон, приведени се уште три лица поради проневера на парите на донаторите на кампањата „Градиме ѕид“, со која требаше да се соберат пари за изградба на ѕид на границата помеѓу САД и Мексико.