Тарифите, според аналитичарите, може да предизвикаат големи нарушувања во производството на автомобили, да ги зголеми цените и да ги наруши односите со сојузниците
Американскиот претседател Доналд Трамп вчеравечер потпиша извршна наредба за воведување царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони произведени надвор од Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Би-би-си.
Според него, оваа регулатива стапува во сила на 2 април, а наплатата ќе почне ден потоа.

На прес-конференција прашан дали постои можност да ја промени својата одлука, Трамп кратко одговори негативно.
„Ова е трајно. Но, ако го произведувате вашиот автомобил во САД, нема тарифи“,
рече тој.
Трамп смета дека мерката ќе доведе до огромен раст во автомобилската индустрија, ветувајќи дека ќе го поттикне создавањето нови работни места и инвестиции во САД.
Регулативата ќе се применува на готови автомобили и камиони кои се испорачуваат во САД, вклучувајќи ги и американските марки чии автомобили се склопуваат во странство.
Според американскиот претседател, речиси половина од сите возила што се продаваат во САД се увезени.
„Ова е почеток на ослободувањето во Америка“,
им кажа Трамп на новинарите.
Целта на овој потег е да се поттикнат компаниите да основаат повеќе фабрики во САД, а Трамп вели дека на овој начин го враќа богатството во САД.
Тарифите, според аналитичарите, може да предизвикаат големи нарушувања во производството на автомобили, да ги зголеми цените и да ги наруши односите со сојузниците.
Мексико е најголемиот странски снабдувач на автомобили во САД, а потоа следат Јужна Кореја, Јапонија, Канада и Германија.
Откако Белата куќа ја најави оваа мерка, акциите на „Џенерал Моторс“ паднаа за околу три отсто.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со објава на Икс реагираше на наредбата на Трамп, посочувајќи дека жали за ваквата одлука, но најави и дека ќе бараат решенија по пат на преговори.
I deeply regret the U.S. decision to impose tariffs on EU automotive exports.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) March 26, 2025
Tariffs are taxes – bad for businesses, worse for consumers, in the US and the EU.
The EU will continue to seek negotiated solutions, while safeguarding its economic interests ↓