Сметката не е активна од 2015 година, а е отворена за да се испита потенцијалот на хотелскиот бизнис во Азија, изјави адвокат на организацијата на американскиот претседател
Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека има сметка во кинеска банка, објави „Њујорк тајмс“.
Сметката е во сопственост на компанијата „Трамп интернешнл хотелс менаџмент“ и е отворена за плаќање локален данок меѓу 2013 и 2015 година.
Сметката е отворена за да се испита потенцијалот на хотелскиот бизнис во Азија, изјави Јан Гартен, адвокат на организацијата на Трамп. Тој објасни дека сметката е отворена во кинеска банка во САД со цел да се плати локален данок.
„Њујорк тајмс“ ја откри сметката откако имаше увид во даночната евиденција на Трамп, која вклучува лични и финансиски детали од компанијата.
Никогаш не биле реализирани договори, трансакции или други деловни активности и од 2015 година сметката не била активна. Сепак, таа останува отворена, но никогаш не била користена за други цели.
Од кинеската банкарска сметка се платени 188.561 долари локални даноци, пренесува Би-би-си.
Американскиот претседател ги критикуваше американските компании што работат во Кина и предизвика трговска војна меѓу двете земји.