Хари во својата автобиографија „Резерва“ (Spare) признал дека користел дрога, која според американските закони вообичаено би била основа за одбивање на барање за виза, пишува „Дејли мејл“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сугерираше дека би можел да го депортира британскиот принц Хари од САД доколку биде реизбран во ноември и ако се докаже дека Хари во апликацијата за виза лажел во врска со употребата на дрога.
Републиканскиот претседателски кандидат во интервју за Џи-би њуз изјавил дека војводата од Сасекс нема да добие посебни привилегии доколку фалсификувал документи.
Секој што аплицира за виза за живеење и работа во Америка мора да одговори со „да“ или „не“ на прашањето: „Дали сте или некогаш сте биле зависник од дрога?“
Хари во својата автобиографија „Резерва“ (Spare) признал дека користел дрога, која според американските закони вообичаено би била основа за одбивање на барање за виза, пишува „Дејли мејл“.
Хари во книгата тврдел дека користел кокаин, психоделични печурки и марихуана, што, како што рече, му помогнало да се справи со смртта на неговата мајка, принцезата Дијана.
Тој ова го призна и во интервју со Андерсон Купер во емисијата 60 минути.
Поранешниот претседател претходно изјави дека нема да го заштити Хари затоа што ја предал кралицата (Елизабета Втора).
Трамп, исто така, истакна дека ако победи на изборите во ноември, Хари ќе биде оставен сам на себе.
Војводата од Сасекс и неговата сопруга Меган живеат во Калифорнија со нивните две деца откако го напуштија кралското семејство во 2020 година.
