Ле Пен, пак, изјави дека и покрај нејзината елиминација во претседателската трка, таа нема да се откаже и ќе продолжи да се бори
Многу сериозно прашање. Вака американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени вчерашната одлука на францускиот суд во која за виновна е прогласена француската политичарка и претседателка на партијата Национален собир, Марин Ле Пен, со што ѝ се забранува учество на претседателските избори во 2027 година, пренесува Ројтерс.
Одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар со случајот на Ле Пен, Трамп посочи дека е запознаен со проблематика, како и дека многумина сметале оти таа нема и не треба да биде обвинета.

„Забрането ѝ е да се кандидира во период од пет години, а таа е водечки кандидат. Тоа звучи како оваа земја, многу звучи како оваа земја“,
рече Трамп повикувајќи се на правните случаи со кои самиот се соочи пред да ја преземе претседателската функција.
Ле Пен, пак, изјави дека и покрај нејзината елиминација во претседателската трка, таа нема да се откаже и ќе продолжи да се бори.
Прогласена за виновна за проневера на 474 илјади евра поради фиктивно вработување на четворица партиски помошници.
Заедно со уште 24 други функционери од нејзината партија се обвинети дека пренасочиле повеќе од три милиони евра од средствата на Европскиот парламент за да ги платат ангажираните асистенти кои работеле во партијата во период од 2004 до 2016 година.
Според Ројтерс, активистите за човекови права последниве години прават паралела меѓу ставовите на Ле Пен и Трамп.
Трамп е обвинет за фалсификување деловни документи поврзани со исплати на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, кој ѝ платил 130 000 долари на порноактерката Сторми Даниелс за да ја спречи јавно да зборува за наводната афера пред изборите во 2016 година. Трамп ја негираше аферата.