„Зошто поставувате такво глупаво прашање? Зошто би користеле нуклеарно оружје? Веќе ги уништивме на сосема конвенционален начин и без нуклеарно оружје“, изјави американскиот претседател одговарајќи на новинарски прашања во Белата куќа
Американскиот претседател Доналд Трамп ја исклучи можноста од употреба на нуклеарно оружје во војната против Иран. Во одговор на новинарско прашање во Белата куќа – дали би размислил за распоредување нуклеарно оружје, Трамп директно одговори – „Не“.

„Зошто поставувате такво глупаво прашање? Зошто би користеле нуклеарно оружје? Веќе ги уништивме на сосема конвенционален начин и без нуклеарно оружје“,
рече Трамп и додаде:
„Нуклеарното оружје никогаш не треба да го користи никој.“
Американскиот претседател пред две недели се закани дека ќе ја избрише целата иранска цивилизација ако лидерите на Иран не се согласат на мировен договор со САД, што натера некои од неговите критичари јавно да се запрашаат дали Трамп размислува за нуклеарен напад.
Претседателот на САД вечерва изјави и дека ако сака, може да постигне мировен договор со Техеран веднаш, но дека не сака краткотраен, туку договор што ќе трае.
„Сакам да го склучам најдобриот договор. Можам да склучам договор веднаш, но не сакам. Сакам да биде траен“,
рече тој.
