Во пресрет на изборите на 3 ноември
Нови правила се воведуваат за последниот круг од предизборната ТВ-дебата Трамп-Бајден, која ќе се одржи задутре во Нешвил, Тенеси.
Комисијата за контрола на претседателските избори во САД објави дека според овие правила може да биде исклучен микрофонот на кандидатот кој не добил збор од водителот за другиот да може да одговори на поставеното прашање, две минути, без да биде прекинуван.
Двајцата претседателски кандидати се согласија да учествуваат во последната предизборна телевизиска дебата задутре, но штабот на Трамп изрази незадоволство од воведувањето нови правила.
Причина за промена во правилата е она што се случуваше на претходната дебата, кога Трамп постојано ги прекинуваше својот ривал и водителот на емисијата, што наиде на остри критики во јавноста.