Трамп вели дека паузата е за „краток период“ за да им даде простор на напорите на САД да финализираат договор со Иран за да се стави крај на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го паузира „Проектот Слобода“ за да може да финализира договор со Иран, но додаде дека неговата блокада на иранските пристаништа ќе остане во сила.
Трамп информацијата ја објави на неговата платформа Трут соушал велејќи дека паузата е за „краток период“ за да им даде простор на напорите на САД да финализираат договор со Иран за да се стави крај на војната.
И покрај тоа што „Проектот Слобода“ започна во понеделникот, Трамп рече дека го направил потегот врз основа на „барањето на Пакистан и другите земји, огромниот воен успех што го имавме за време на кампањата против земјата Иран и, дополнително, фактот дека е постигнат голем напредок кон целосен и конечен договор со претставниците на Иран“.
Околу објавата на Трамп , од Белата куќа се уште нема коментар за тоа каков напредок е постигнат или колку долго ќе трае паузата, пишува Ројтерс.
Соопштението дојде откако воените лидери и американскиот државен секретар, Марко Рубио, инсистираа дека прекинот на огнот на Блискиот Исток сè уште се почитува и дека се додека конфликтот не е решен почетната голема американска воена операција против Иран е завршена.
„Операцијата е завршена. ‘Епски бес’ – како што претседателот го извести Конгресот – завршивме со таа фаза од неа“,
рече Рубио.
Рубио на прес-конференцијата во Белата куќа изјави дека за да се постигне мир, Иран мора да се согласи со барањата на Трамп за неговата нуклеарна програма, а исто така да се согласи и повторно да го отвори Ормускиот Теснец.
Рубио подоцна рече дека САД работат на тоа бродовите да го поминат теснецот како „услуга за светот… бидејќи ние сме единствените што можат“.
На почетокот на април, САД и Иран објавија прекин на огнот со кој Иран ги запре нападите со беспилотни летала и ракети врз земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи ги и ОАЕ, но многу малку бродови успеаја да поминат низ теснецот оттогаш. Во исто време, САД воведоа сопствена блокада на иранските пристаништа.
