За потсетување, САД пред една недела, преку пакистанските посредници, испратија мировен предлог до Техеран, кој, како што објавија медиумите, се состои од меморадум за разбирање од една страница и 14 точки, во кој, меѓу другото, се предлага отворање на Ормускиот теснец, како и рамка за понатамошни разговори за нуклеарната програма на Иран
Според американскиот весник „Волстрит журнал“, иранскиот контрапредлог содржел пократок мораториум, извоз на дел од залихите на збогатениот ураиум, разредување на остатокот, додека во однос на постројките Техеран одбил било какво нивно демонтирање
Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот одговор на мировниот предлог на неговата администрација за ставање крај на војната, оценувајќи го како целосно неприфатлив, пренесуваат светските медиуми, според чии анализи, тоа може да доведе до пропаѓање на едномесеченото примирје на кое претходнос е согласија Вашингтон и Техеран.

Новинската агенција Тасним, повикувајќи се на извор запознаен со преговарачкиот пороцес, синоќа соопшти дека иранската страна во текстот ја нагласила потребата од укинување на американските санкции, прекин на поморската блокада на САД на Ормускиот теснец, по потпишување на првичен договор за разбирање и итно завршување на војната, со гаранции дека САД нема повторно да ја нападнат земјата, пренесе „Гардијан“.
За потсетување, САД пред една недела, преку пакистанските посредници, испратија мировен предлог до Техеран, кој, како што објавија медиумите, се состои од меморадум за разбирање од една страница и 14 точки, во кој, меѓу другото, се предлага отворање на Ормускиот теснец, како и рамка за понатамошни разговори за нуклеарната програма на Иран.
Барањата на САД за нуклеарните разговори наводно вкклучувале мораториум за иранската нуклеарна програма за збогатување ураниум до 20 години, пренесување на збогатениот ураниум во трета земја, евентуално во САД и демонтирање на иранските нуклеарни постројки.
Според американскиот весник „Волстрит журнал“, иранскиот контрапредлог содржел пократок мораториум, извоз на дел од залихите на збогатениот ураиум, разредување на остатокот, додека во однос на постројките Техеран одбил било какво нивно демонтирање.
Кратко по објавите на медиумите, Трамп синоќа се огласи на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social), наведувајќи дека тоа што го прочитал е целосно неприфтливо.
„Тукушто го прочитав одговорот од т.н. ‘претставници’ на Иран. Не ми се допаѓа – целосно е неприфатлив“,
наведе американскиот претседател во објавата.
Претходно вчера, Трамп во долга изјава на социјалната платформа, наведе дека Иран „игра игри со САД и со остатокот од светот веќе 47 години“, додавајќи дека Техеран „веќе нема да се смее“.
Вчера се очекуваше тој да разговара до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој во телевизиско интервју, пак, предупреди дека војната ќе продолжи сè додека Иран има залихи со збогатен ураниум.
„Не е завршено, бидејќи сè има нуклеарен материјал, збогатен ураниум, кој мора да се изнесе од Иран. Сè уште има објекти за збогатување (на ураниум) кои мора да се демонтираат“,
изјави Нетанјаху за програмата „60 минути“ на Си-би-ес, според дел од интервјуто објавен пред нејзиното емитување.
Во посебно интервју, пак, Трамп навести порелаксиран став кон залихите на високо збогатен ураниум, за кои телото за Обедиентите нации, МААЕ, вели дека се закопани длабоко под планнините во централен Иран. Американскиот претседател наведе дека засега, сателискиот надзор е доволен за да се гарантира дека никој нема пристап до нив.
„Ќе го добиеме (ураниумот) во одреден момент…Го надгледуваме. Имаме програма која го следи тоа…Ако некојс е приближи до местото, ќе знаеме за тоа, и ќе го кренеме во воздух“,
изјави американскиот претседател во емисијата „Фул Мерс“.
Ккао и претходно, откако беше прогласено примирјето пред еден месец, Трамп рече дека американските напади врз Иран би можеле да продолжат.
„Имавме одредени цели што ги сакавме и веројатно сме постигнале 70 проценти од нив, но имаме и други што би можеле да ги погодиме“,
додаде тој.
Според „Гардијан“, Трамп е под силен притисок да го одржи прекинот на огнот со Иран и потенцијално да склучи мировен договор, пред закажаната посета оваа недела на Кина, која се залага за прекин на непријателствата и отворање на Ормускиот теснец.
Рускиот претседател Владимир Путин во саботата изјави дека предлогот на Москва за преземање збогатениот ураниум од Иран, како своевидна помош во преговорите меѓу САД и Иран, останува на маса.

Иран вчера одговори на американскиот меморандум кој самиот по себе беше одговор на претходниот ирански предлог. Тој, меѓу другото, предвидуваше укинување на паралелните американски и ирански блокади на Ормускиот теснец, кои ги зголемуваат цените на нафтата и ја задушуваат глобалната економија.
Најавата за нов одговор од Техеран дојде на ден кога прекинот на огнот, постигнат со посредство на Пакистан, кој стапи на сила на 8 април, покажа нови знаци на затегнување. Обединетите Арапски Емирати и Кувајт пријавија упади со беспилотни летала во нивниот воздушен простор во неделата, а напад со беспилотни летала предизвика мал пожар на брод на брегот на Катар.
Друг напад со беспилотни летала беше пријавен во камп што го користи иранската курдска бунтовничка група во близина на Ербил, во североисточен Ирак.
Велика Британија и Франција утре ќе бидат домаќини на мултинационален состанок на министрите за одбрана, а во врска со воени планови за враќање на трговските текови низ теснецот, соопшти британската влада.
„Министерот за одбрана, Џон Хили, ќе биде копретседател на состанокот на над 40 земји, заедно со неговата француска колешка, министерката Катрин Вотрин, на првиот состанок на министрите за одбрана на мултинационалната мисија“,
се вели во соопштението на министерството во неделата.
Неколку часа претходно, Иран ги предупреди Лондон и Париз да не испраќаат воени бродови во регионот.
