Оптимизмот на Вашингтон, кој го пренесе државниот секретар на САД, доаѓа и покрај тоа што американските и иранските сили вчера и денеска повторно се судрија во регионот на Персискиот Залив, а под нов напад на Техеран беа и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)
„Секој пат кога има дипломатско решение на маса, САД се одлучуваат на непромислена авантура“, изјави денеска министерот за надворешни работи Абас Арагчи, пренесоа светските медиуми
Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека очекуваат Иран денеска да одговори на нивниот предлог за завршување на војната во Персискиот Залив, надевајќи сè дека тоа што ќе го добијат од Техеран ќе води кон сериозен процес на преговори.

Оптимизмот на Вашингтон, кој го пренесе државниот секретар на САД, Марко Рубио, доаѓа и покрај тоа што американските и иранските сили вчера и денеска повторно се судрија во регионот на Персискиот Залив, а под нов напад на Техеран беа и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
„Денеска треба да знаеме нешто. Очекуваме нивен (на Иран) одговор. Ќе видиме што ќе донесе тој одговор. Се надеваме дека тоа е нешто што може да нè доведе до сериозен процес на преговори“,
изјави американскиот државен секретар Марко Рубио пред новинарите во Рим, Италија.
Новиската агенција Мехр денеска објави оти се слушнале експлозии во иранскиот град Сирик, во близина на Ормускиот Теснец, додека вчера во напад на американската морнарица врз ирански комерцијален брод во близина не теснецот, десет члена на екипажот беа повредени, а петмина се водат како исчезнати.
Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social), напиша дека три разурнувачи на американската морнарица биле нападнати додека минувале низ Ормускиот Теснец, поради што американската војска возвратила на огнот.
„Три америкакански разурнувачи од светска класа штотуку успешно поминаа низ Ормускиот Теснец под оган. Не е нанесена штета на трите разурнувачи, но нанесена е голема штета на иранските напаѓачи“,
наведе Трамп во објавата.
Официјален Техеран денеска ги обвини САД за кршење на прекинот на огнот, кој во голема мера се почитува откако беше договорен и стапи во сила на 7 април.
„Секој пат кога има дипломатско решение на маса, САД се одлучуваат на непромислена авантура“,
изјави денеска министерот за надворешни работи Абас Арагчи пренесоа светските медиуми.
Здружената воена команда на иранските сили соопшти дека американските сили нападнале оирански танкер за нафта и друг брод, како и дека извршиле воздушни напади врз цивилни области на островот Кешм во Ормускиот Теснец и блиските крајбрежни области.
Оттаму соопштија дека иранските сили одговориле со напад на американски воени бродови источно од теснецот и пристаништето Чабахар.
Портпаролот на Централната команда на Иран, Хатам ал-Анбија, изјави дека иранските напади предизвикале значителна штета, но Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека ниту еден од нејзините бродови не бил погоден.
Централната команда на силите на САД (CENTKOM) соопшти дека погодила два ненатоварени танкери за нафта кои пловеле под иранско знаме и кои, според американската војска, се обидувале да ја прекршат блокадата на САД, пренесе „Гардијан“.
„Американските сили ги онеспособија M/T Sea Star III и M/T Sevda, на 8 мај, пред двата брода да влезат во иранско пристаниште во Оманскиот Залив, кршејќи ја тековната блокада на САД“,
се вели во соопштението на социјалните медиуми.
Во соопштението се тври дека американската војска ги онеспособила двата танкери, откако истрелала прецизна муниција кон нив. Се додава дека завчера бил онеспособен и трет брод кој пловел под иранско знаме.
„Сите три брода веќе не транзитираат кон Иран“,
се наведува во соооштението на Централната команда на силите на САД.
— U.S. Central Command (@CENTCOM) May 8, 2026
По информациите за нападите на САД врз иранските бродови во Ормускиот Теснец, денеска преку објава на социјалната платформа Икс се огласи портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, кој предупреди на „авантуризам и измамничко однесување“ од страна на САД.
„Интригантните и наивните еуфемизми како што е ‘лесна шлаканица’ не можат да направат ништо за да го избришат длабокиот срам роден од нарцизмот, алчноста, неодговорноста и беззаконието. Последиците од овој чуден авантуризам и измамничко однесување сега станаа јасни за целиот свет. Неврзаните објави полни заблуди веќе немаат никаква контрола врз реалноста – иако, како и секогаш, колку подлабоко тонат во глупост, толку поинвентивни стануваат во нејзиното оправдување“,
се вели во објавата на портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи.
