Кејт Марие Бурнс ќе биде нова амбасадорка на САД во Македонија.
Нејзината номинација од претседателот Доналд Трамп ќе треба да биде одобрена од Сенатот на САД. Станува збор за кариерна дипломатка, која во Скопје доаѓа од позицијата заменик-амбасадорка на САД во Атина.
Претходно била и заменичка-амбасадорка на САД при ОБСЕ во Виена. Служела во американските дипломатски мисии во Шпанија, Боливија, Унгарија, Турција. Го водела и одделот за односи со јавност во мисијата на САД во НАТО. Има диплома и магистратура од престижниот Универзитет Џорџтаун.
Напишете коментар