Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која англискиот стана официјален јазик на Соединетите Американски Држави. Ова е првпат САД да назначат официјален јазик на федерално ниво откако земјата беше основана пред речиси 250 години
Извршната наредба на Трамп, потпишана вчера, значи дека владините агенции и организации кои добиваат федерално финансирање можат да изберат дали сакаат да понудат документи и услуги на други јазици освен англискиот.

„Воспоставувањето на англискиот како официјален јазик не само што ќе ја насочи комуникацијата, туку и ќе ги зајакне заедничките национални вредности и ќе создаде покохезивно и поефикасно општество“, се вели во наредбата.

Ова е првпат САД да назначат официјален јазик на федерално ниво откако земјата беше основана пред речиси 250 години.
„При посакувањето добредојде на новите Американци, политиката на охрабрување на учењето и усвојувањето на нашиот национален јазик ќе ги направи Соединетите Држави заеднички дом и ќе ги поттикне новите граѓани да го остварат американскиот сон. Зборувањето англиски јазик не само што ги отвора економските врати, туку и им помага на новодојденците да се вклучат во заедниците, да учествуваат во националните традиции и да му вратат на нашето општество“, пишува во наредбата.
Според Бирото за попис на САД, речиси 68 милиони од 340 милиони жители на земјата зборуваат јазик различен од англискиот, вклучувајќи и повеќе од 160 домородни американски јазици.
Шпанскиот, разните кинески јазици и арапскиот се меѓу јазиците што најмногу, по англискиот, се зборуваат во САД.