Многу земји сè уште немаат договор со САД и од утре се соочуваат со високи царински стапки кои, на пример за Бразил, се зголемени за 50 отсто
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го паузира воведувањето повисоки царини за Мексико за уште 90 дена, додека другите земји се обидуваат да обезбедат договор пред крајниот рок кој истекува на полноќ.
Мексико ќе продолжи да плаќа царина од 25 проценти за фентанил, царина од 25 проценти за автомобили и царина од 50 проценти за челик, алуминиум и бакар.
„Тукушто го завршив телефонски разговор со претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, кој беше многу успешен, сè повеќе и повеќе се запознаваме и се разбираме едни со други. Сложеноста на Договорот со Мексико е малку поинаква од другите нации поради проблемите и средствата на границата. Ќе разговараме со Мексико во следните 90 дена со цел да потпишеме трговски договор некаде во рок од 90 дена или подолго“,
Трамп во објава на Truth Social
Трамп го објави својот царински план во април, предизвикувајќи хаос низ светската економија. Но, тој го паузираше за да можат земјите да преговараат за нови трговски договори.
Многу земји сè уште немаат договор со САД и од утре се соочуваат со високи царински стапки кои, на пример за Бразил, се зголемени за 50 отсто.
Компаниите што внесуваат странска стока во САД ќе мора да ги платат даноците на владата, а експертите велат дека овие компании може да ги пренесат трошоците на потрошувачите.