Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да му помогне на Иран во борбата против коронавирусот доколку Техеран го побара тоа.
„Ако на Иран му е потребна помош околу ова, јас сум подготвен да ја испратам“,
рече Трамп на прес-конференција.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф вчера ја отфрли понудата на Трамп за помош во респиратори. Тој истакна дека Иран веќе има доволен број респиратори и дека за неколку месеци може и да ги извезува.