Американскиот претседател Донад Трамп изјави дека се очекува бројот на жртви од коронавирус во САД да биде „значително помал“ од првичните проценки кои укажуваа дека во земјата може да починат околу 100 000 луѓе.
„Спасивме толку многу животи во споредба со она што можеше да биде. Кажуваа помеѓу 100 000 и 2,2 милиони ако не сторевме ништо. Ќе видиме што биде на крајот. “,
изјави Трамп на прес- конференција во Белата куќа.
Во однос на намалувањето на рестриктивните мерки истакна дека тоа нема да го стори се додека не биде сигурен дека „земјата е здрава“.
Сепак вели дека САД е во „многу добра состојба“ кога станува збор за мерките за превенција од ширење на коронавирусот и за заштитната опрема.
„Одлична е состојбата со заштитна опрема“,
рече Трамп и додаде дека гувернерите не испраќаат барања за помош.
Тој информира дека во САД дневно се прават 100 000 тестови и дека досега се тестирани два милиона луѓе.