Почна продолжението на собраниската седница за избор на новата Влада
Промени во политичкиот систем во земјава, со цел негова деморатизација, предложи пратеникот на мнозинството и лидер на Демократискиот сојуз Павле Трајанов, како прв говорник на денешното продолжение на собраниската седница за избор на Владата.
Трајанов смета дека треба да се остави можност претседателот на државата да може да го распушта парламентот, како што е принцип во повеќе држави, наспроти домашното решение кое предвидува самораспуштање на пратениците.
Тој смета дека, со оглед на напорите за изградба на граѓанско општество, треба да се преиспита и Бадентеровиот принцип на одлучување кој се применува во парламентот и во други институции, со цел заштита од мајоризација на помалите етнички заедници.
Трајанов, кој се враќа во Собранието по еден мандат пауза, кога бепе национален координатор за кризни ситуации во Владата на Зоран Заев, го реактуелизираше и прашањето за промена на изборниот модел за парламентарни избори. Тој ја повтори заложбата за воведување една изборна единица, без изборен праг и со отворени листи. Тоа, како што рече, треба да биде прво прашање за кое ќе продолжат да разговараат политичките партии, како што беше најавено пред распишувањето на последните избори.
