Од она што може на терен да се види утрово, уништен е покривот и целосно изгорена внатрешноста на објектот во кој била сместена супстандардната дискотека „Пулс“

Веста за трагедијата во Кочани во која загинаа најмалку 51 лице, а 118 се повредени, утрово се најде на сите поголеми светски медиуми како и медиумите во соседството.
Трагичната вест утрово се најде на насловните страници на Си-Ен-Ен, на Би-Би-Си, на британски Гардијан, на Еуроњуз, како и на регионалните Н1, Блиц, БГНЕС и други.
„51 загинат и десетици повредени во пожар во ноќен клуб во Северна Македонија“, пишува Си-Ен-Ен.
„Ударна вест: Пожар во ноќен клуб во градот Кочани во Северна Македонија уби 51 лице“, објави Еуроњуз.
„Најмалку 50 загинати и преку 100 повредени во пожар во ноќен клуб во Кочани, Северна Македонија“, јавува Гардијан.





Информации за трагедијата споделуваат и медиумите од соседните држави.



Информациите кои се споделуваат се билансот на жртви и повредени, како и реакциите на политичкиот врв.
Од она што досега е официјална информација од македонските институции, билансот на жртви е 51, а повредени се 118 лица.
Роднини на повредените во изјава за „360 степени“ рекоа дека за време на трагедијата, во дискотеката „Пулс“ во Кочани имало деца на возраст од 15 до 23 години.
Од она што може на терен да се види утрово, уништен е покривот и целосно изгорена внатрешноста на објектот во кој била сместена супстандардната дискотека „Пулс“.
Ова се гледа од фотографиите и видеото што ги направи екипата на „360 степени“ на местото на настанот:


Неофицијално пожарот бил предизвикан од пиротехнички средства употребени за време на настап на групата „ДНК“.