Несреќата се случила во момент кога над надвозникот минувало метро
Најмалку 20 лица загинаа, а над 70 се повредени при уривање на надвозник во главниот град на Мексико. Несреќата се случила во момент кога над надвозникот минувало метро, јавуваат локалните медиуми.
Засега не се познати причините за трагедијата.
Инцидентот се случил на отворен дел од системот за брз транзит. Снимките за надзор покажуваат движење на автомобили и моментот на уривањето.
Сообраќајот со метрото е запрен. На местото на трагедијата се упатила и градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум.
Речиси 5,5 милиони луѓе користат метрото во Мексико Сити секој ден. Метро-системот има 12 линии и 195 станици.