Увид на местото врши екипа на Полициска станица Гевгелија
Товарен воз усмртил околу 30 овци кај Миравци, потврди за МИА, Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи, за односи со јавноста.
„Денес околу 15 часот во Полициската станица Гевгелија, било пријавено дека во близина на железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, удрил во стадо овци, при што биле усмртени околу 30 овци, а повредени лица нема“,
информира Ангеловски.
Увид на местото врши екипа на Полициска станица Гевгелија.