„За само две недели доставени се вкупно 12 476 лични карти, односно во просек по 891 дневно, што е четири и пол пати повеќе во однос на претходно, кога за период од 50 дена (18.01.2024 – 09.03.2024г.) биле доставени 10 100 лични карти, односно 202 дневно“, рече министерот
Доставени се четири и пол пати повеќе лични карти со новиот модел на достава на овие лични докумнти на граѓаните во Скопје. Ова вечерва го напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски посочувајќи дека ваквата состајба е резултат откако пред две недели го укинале претходно воспоставеното решение за достава на лични карти, според кое полициски службеници ги доставуваа личните карти на домашна адреса на граѓаните, и вовеле нов механизам за достава, со кој граѓаните можат во кое било време да ја подигнат својата лична карта во подрачната полициска станица според местото на живеење.
„Во тој контекст за само две недели доставени се вкупно 12 476 лични карти, односно во просек по 891 дневно, што е четири и пол пати повеќе во однос на претходно кога за период од 50 дена (18.01.2024 – 09.03.2024г.) биле доставени 10 100 лични карти, односно 202 дневно“,
вели тој.
Овие бројки, според него, покажуваат дека новата мерка која ја донеле пред две недели, а која се темелеше врз основа на претходно направени анализи, е исправна и дава одлични резултати.