Дека денешните двојни избори поминале во мирна, фер и демократска атмосфера согласен е и дополнителниот заменик-министер во МВР, Митко Бојмацалиев
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер во МВР, Митко Бојмацалиев, вечерва на прес-конференција оценија дека денешните претседателски и парламентарни избори се одржале во мирна, фер и демократска атмосфера. Тошковски ги оцени „за можеби најмирни, најдемократски и најфер избори што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект“.
„Во рамки на надлежноста на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден, така што сакам да им се заблагодарам пред сè на македонските полицајци, на сите полициски службеници кои макотрпно работеа во изминатиот период, а особено во текот на денешниот ден“,
изјави министерот Тошковски.
Дека денешните двојни избори поминале во мирна, фер и демократска атмосфера согласен е и дополнителниот заменик-министер во МВР, Митко Бојмацалиев.
„Граѓаните можеа слободно да го изразат своето право да гласаат. Македонската полиција и овој пат беше на висина на својата задача и ги створи сите предуслови за денешниот ден да се одржи во еден демократски чин“,
рече Бојмацалиев на денешната прес-конференција.