„При извршените претреси одземни се техничка опрема, документација, оружје, муниција“, рече министерот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека во текот на вчерашниот ден, по 17 часот, бил извршен претрес во дом и службени простории на две лица службеници во Министерството за економија.
Претресот, како што рече Тошковски, е извршен по издадена наредба од страна на јавен обвинител.
„При извршените претреси одземни се техничка опрема, документација, оружје, муниција“,
рече Тошковски.
Исто така, потврди дека во полициска станица на подрачје на СВР Скопје и СВР Тетово се приведени вкупно пет лица со кои се обавуваат разговори од страна на полициски службеници меѓу кои, додаде тој, е и еден поранешен министер.
Денеска, рече Тошковски, по наредба на јавен обвинител, ќе се вршат претреси во дом и патничко возило на сопственик на дискотеката и во служебни простории на книговодствено биро кај одговорното лице.