Генералниот директор на термоелектраната вели дека нема да има никаков проблем со електрична енергија бидејќи тие претходно работеле четири месеци без прекин, па затоа вели има доволно произведено струја
ТЕЦ „Неготино“ не работи од ноќеска на полноќ бидејќи денеска започнале ремонтните активности во термоелектраната кои според генералниот директор би требало да траат во наредните 70 до 75 дена
„Вкупниот конзум на потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија во целост ќе се надоместува од енергетските капацитети РЕК ‘Битола’, РЕК ‘Осломеј’ и обновливите извори на енергија, коишто се расположливи од АД ЕСМ“,
рече директорот Стојановиќ.
Тој нагласи дека нема да има никаков проблем со електрична енергија бидејќи централата работела без застој во полн капацитет веќе четири месеци.
„Со тоа, срушивме рекорд од кога е направена електраната. Многу битно е, исто така, од 2021 година, кога почна енергетската криза, досега ТЕЦ ‘Неготино’ во период од година и половина и повеќе нема влезено во редовни ремонтни активности“,
вели Стојановиќ.