Во „360 Степени“ на Алсат тема беше потрагата по поинакви модели за управување со заедничкото добро – од природно до инфраструктурно, со самоорганизирање на граѓаните.
Александар Ташковски, магистранд по меѓународно право, зборуваше за законските можности за поголема вклученост на граѓаните во одлучувањето во Македонија.
– Првична форма на изразување на граѓаните е непосредната демократија. Тоа како такво е регулирано во нашиот Закон за референдум и други облици на изјаснување на граѓаните, кадешто на најниско ниво, на клетката на општеството, имате урбани и месни заедници во секоја општина во Република Македонија, коишто согласно овој закон, можат ова самоорганизирано дејстување да го изведат, без посредување од политички партии или општинска администрација на некој начин да им смета на граѓаните. Според овој закон, конкретно, може самоиницијативно, една десетина од урбаната или месната заедница, тоа се соседите со кои живеете и комуницирате секојдневно… за секое прашање коешто е од значење за локалната заедница, дали е тоа вода, воздух, некој проблем којшто го имаат, имаат право да се соберат, да одржат седница и заклучоците од седницата да ги достават до Советот на општината или на Градот Скопје и треба само да се спроведе одлуката којашто е изгласана од граѓаните – рече Ташкосвски.
На забелешката дека тоа е така само на хартијата, тој рече дека се работи за проблем на политичарите, а не на законските текстови.
Напишете коментар