Таравари негира дека побарал 40 отсто од градоначалниците на локалните избори да бидат од Алијанса за Албанците. Во врска со односите во „Вреди“, тој рече дека како и во секоја коалиција има недоразбирања, но и конструктивност
Засега останувам да бидам министер за здравство, во коалицијата „Вреди“ се подготвуваме за локалните избори, изјави вечерва Арбен Таравари во интервју за Сител телевизија, демантирајќи ги информациите во дел од медимите дека ќе ја напушти партиската коалиција.
„Во Влен се подготвуваме за локалните избори, тоа е неспорно. Нормално, внатре во коалицијата сме во процедура на договарање и во Владата мислам дека стабилна е состојбата така што продолжувам да бидам министер за здравство и се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение сите страни да бидат задоволни“,
изјави Таравари за Сител.
Тој вечерва гостуваше и во Телма телевизија каде негираше дека побарал 40 отсто од градоначалниците на локалните избори да бидат од Алијанса за Албанците и истакна дека понудил две опции за листите на советници.
„Не е точно, сум побарал листи за советници, за Влен зборувам, да бидат посебни, чисто да мотивираме што повеќе луѓе. Втора опција што сум побарал, трите партии од Влен да бидат заедно, ние да бидеме посебно. Чисто мислам дека ако ги ставиме сите партии на една листа ќе има револт зошто од оваа партија, зошто од таа партија, и затоа мислам што повеќе имиња имаме на листите за советници, толку повеќе ќе има мотивација кај членовите да лобираат и да бидат активни на изборите“,
рече Таравари.
Во врска со односите во „Вреди“, тој рече дека како и во секоја коалиција има недоразбирања, но и конструктивност.
„Во секоја коалиција некогаш има недоразбирања и конструктивност, континуирнао работиме и се обидуваме да бидеме што покомпактни. Соработката во Влен е во ред, соработката меѓу партиите со премиерот е прекрасна“,
рече Таравари, додавајќи дека наскоро Алијанса за Албанците ќе одржи Централно собрание на кое заедно со членовите на партијата ќе разговараат за можни опции за локалните избори.