„Свежата болка на Кочани е донекаде ублажена од Мартин и Борис, кои се подобри и наскоро ќе ги пречекаме дома. Ви благодариме, драга Турција, за целата грижа и гостопримство“, порача министерот за здравство по посетата на болницата „Чам ве Сакура“
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска беше во посета на двајцата пациенти повредени од пожарот во Кочани кои се лекуваат во болницата „Чам ве Сакура“ во Истанбул. Во болницата првично беа примени шест пациенти, од кои четворица се пуштени на домашно лекување по подобрување на состојбата.

За време на посетата на болницата во Истанбул министерот се сретнал и со родителите на Мартин и Борис – двајцата пациенти кои продолжуваат со лекување во болницата.
„Свежата болка на Кочани е донекаде ублажена од Мартин и Борис, кои се подобри и наскоро ќе ги пречекаме дома. Ви благодариме, драга Турција, за целата грижа и гостопримство“,
рекол Таравари за време на посетата.
Во болницата „Чам ве Сакура“ во Истанбул министерот беше придружуван од претставници на македонскиот конзулат во Истанбул. Изрази благодарност до конзулот Идриз Фазлиоски за покажаната грижа и посветеност, а благодарност упати и до докторот Мустафа Туран од истанбулската болница.