Арбен Таравари во име на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да каже чии интереси се штитат
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да одговори зошто надворешната политика на Северна Македонија не е усогласена со онаа на ЕУ во однос на санкциите кон Русија.

Арбен Таравари денеска на прес-конференција изнесе податок дека од кога Зоран Заев стана премиер, Советот на ЕУ донел 21 одлука за продолжување и проширување на санкциите против Русија, но Владата исто толку пати одбила да воведе санкции против Русија.

„Ова е загрижувачки тренд на ова Влада! Од друга страна ја имаме Албанија и Црна Гора кои потполно се на иста линија со ЕУ. Додека, од друга страна ја имаме Северна Македонија на Зоран Заев и Србија на Вучиќ, кои одбиваат санкции против Русија. Но тоа што најмногу не загрижува во овој случај, е фактот што Министерството за надворешни работи го води министер – Албанец, кој на стави на страна на Вучиќ, Додик и Путин“,
се вели во изјавата на Тараваари, кои прес-центарот на оваа коалиција ја достави до медиумите писмено.
Во прилог се ставени и линкови од декларации од Високиот Претставник на ЕУ за надворешна политика кои се однесуваат на санкциите кон Русија, кои одделот за евроинтеграции на Алијанса за Албанците и Алтернатива ги анализирала.

Од оваа колиција велаат дека надворешната и безбедноста политика на ЕУ се базира во законски акти и политички документи, како што се санкции и ограничувања, а земјите – кандидати како Северна Македонија, имаат законски обврски да бидат во согласност со декларациите на ЕУ и да ги применуваат европските санкции кога тоа се бара од страна на Брисел.
Од Алијанса за Албанците и Алтернатива потсетуваат дека на 10 септември и на 1 октомври годинава, ЕУ ги продолжи и ги прошири санкциите против Русија, но Бујар Османи како министер за надворешни работи не работи во согласност со земјите од ЕУ.
„Бујар Османи, кој лесно ги обвинува другите дека се продолжена рака на Кремљ, всушност тој од кога е именуван , успешно ја спроведува проруската надворешна политика на Димитров. Граѓаните имаат право да знаат како една влада која се произнесува за проевропска и еден министер кој се преправа дека неговото сонце изгрева во Запад, не ги исполнува обврските на земја – кандидат за ЕУ, но претпочита да е со Русија?“,
вели Таравари.
Од коалицијата што ја претствува Тарвари прашуваат дали со ова Владата ги брани богатствата на луѓе на Путин и слободата на нивното движење или руските економски интереси во Северна Македонија.
