АА со иста динамика и сериозност ќе даде политички и програмски придонес за забрзување на процесот за членство во ЕУ заедно со предизвиците на уставните измени кои се предуслов и примарна цел на членството на земјата во ЕУ, вели Таравари

Алијанса за Албанците имаше среќа да придонесе во процесот на членството на Северна Македонија во НАТО. Алијанса за Албанците со иста динамика и сериозност ќе даде политички и програмски придонес за забрзување на процесот за членство во ЕУ заедно со предизвиците на уставните измени кои се предуслов и примарна цел на членството на земјата во ЕУ, се вели пораката од лидерот на АА, Арбен Таравари, испратена по повод одбележувате на три години од членството на Северна Македонија во најголемиот воено-политички сојуз на светот, Северноатлантската Алијанса.
„На 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана најновата членка на НАТО. Од овој момент, Република Северна Македонија, како дел од најмоќната Северноатлантската алијанса, е безбедна држава и далеку од каква било опасност за суверенитетот и интегритетот на земјата. С Македонија како членка на НАТО дава свој придонес за секоја земја во која мора да се обезбеди светскиот мир“,
се додава во соопштението испратено од Алијанса за Албанците.
Оттаму додаваат дека руската агресија врз Украина, загрозувајќи ја глобалната безбедност, уште еднаш докажа дека како дел од НАТО, нашите граѓани и земјата се заштитени од сојузот на најмоќните држави во светот.
На 27 март 2020 година земјава стана 30. членка на Алијансата кога в.д. амбасадорката на Северна Македонија во САД, Вилма Петковска, на американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, му го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на земјава во НАТО.