Коалициските партнери вчера попладне беа на состанокот во Владата на кој присуствувале претставници на сите партии што учествуваат во парламентарното мнозинство, со исклучок на Беса, која првично ја поддржа иницијативата за изгласување недоверба на Владата
Мендух Тачи, лидерот на ДПА и единствен пратеник од оваа партија, кој е дел од актуелното владејачко мнозинство, вели дека на денешното гласање во парламентот Владата нема да падне.
„Кога преговорите се одвиваат во пет до 12, разговорите се тајни. А разговорите ги води Зоран Заев. Мислам дека денеска нема да падне Владата. Според информациите што ги имам, Владата ќе остане и ние и ќе добиеме датум за преговори“,
рече Тачи за „Утрински брифинг“.
Тој слична изјава имаше и синоќа по состанокот во Владата на коалициските партнери.
На состанокот, како што објавивме, присуствувале претставници на сите партии што учествуваат во парламентарното мнозинство, со исклучок на Беса, која првично ја поддржа иницијативата за изгласување недоверба на Владата.
На средбата присуствувал и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој, исто како и Заев, како што се наведува, настапил со оптимизам дека Владата нема да падне во Собранието, односно дека, како што се вели, „мнозинството е кај прогресивните сили во парламентот“.