Загрижувачки трендови на инфекција со коронавирус се појавуваат во Јужна Европа и во балканскиот регион, изјави денеска шефот на програмата за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, во интервју за радио во Ирска, пренесува „Ројтерс“.
Очигледно, нагласува тој, Америка е сè уште главното жариште на вирусот, но болеста забрзано се шири и во Африка.
„Иако земјите од Западна Европа го ставија вирусот под контрола, ние сè уште имаме загрижувачки трендови во Јужна Европа и на Балканот. Не сме ја напуштиле зоната на ризик во Европа, потребна е да останеме будни“,
порача Рајан.