Според СЗО, во северна Кина е забележано зголемување на случаите на симптоми слични на грип од октомври во споредба со истиот период во изминатите три години, состојба што кинеските власти ја припишуваат на укинувањето на мерките против ковид-19
На барање на Светската здравствена организација (СЗО), Кина треба да испрати детални информации за зголемувањето на респираторните заболувања и пријавени кластери на пневмонија кај децата.
СЗО препорачува да се преземат чекори за намалување на ризикот од респираторни заболувања.
„Додека ги бараме овие дополнителни информации, им препорачуваме на луѓето во Кина да следат мерки за намалување на ризикот од респираторни заболувања, кои вклучуваат препорачана вакцинација, држење на растојание од болни луѓе; останување дома кога е болно, тестирање и медицинска нега по потреба, носење маски како што е соодветно, обезбедување добра вентилација и редовно миење на рацете“,
препорачуваат од СЗО.
Според Би-би-си, независните кинески медиуми објавиле дека детските болници во делови од земјата наводно се полни со болни деца.
Според СЗО, во северна Кина е забележано зголемување на случаите на симптоми слични на грип од октомври во споредба со истиот период во изминатите три години, состојба што кинеските власти ја припишуваат на укинувањето на мерките против ковид-19.
„На прес-конференција на 13 ноември 2023 година, кинеските власти од Националната здравствена комисија известија за зголемување на инциденцата на респираторни заболувања во Кина. Кинеските власти го припишуваат ова зголемување на укинувањето на ограничувањата за ковид-19 и циркулацијата на познати патогени како што се грип, микоплазма пневмонија (честа бактериска инфекција која обично ги погодува помладите деца), респираторниот синцицијален вирус (РСВ) и САРС-КоВ-2 (вирусот што предизвикува Ковид-19). Властите ја истакнаа потребата од засилен надзор на болестите во здравствените установи и опкружувањата во заедницата, како и зајакнување на капацитетот на здравствениот систем за управување со пациентите“,
се вели во соопштението од СЗО.
Кинеските власти минатата недела објавија дека има зголемување на респираторните заболувања низ целата земја – особено грип, корона, микоплазма пневмонија, честа бактериска инфекција што ги погодува малите деца и респираторниот синцицијален вирус (РСВ).
„На 21 ноември, медиумите и ПроМеД објавија кластери на недијагностицирана пневмонија кај деца во северна Кина. Не е јасно дали тие се поврзани со севкупното зголемување на респираторните инфекции претходно пријавени од кинеските власти или со посебни настани. На 22 ноември, СЗО побара дополнителни епидемиолошки и клинички информации, како и лабораториски резултати од овие пријавени кластери меѓу децата, преку механизмот на Меѓународните здравствени регулативи. Исто така, побаравме дополнителни информации за неодамнешните трендови во циркулацијата на познати патогени, вклучително и грип, САРС-КоВ-2, РСВ и микоплазма пневмонија, како и тековниот товар на системите за здравствена заштита. СЗО е исто така во контакт со лекарите и научниците преку нашите постоечки технички партнерства и мрежи во Кина“,
се вели во соопштението од СЗО.
СЗО потсетува дека коронавирусот кој предизвика светска пандемија, барем официјално, дојде од Кина, односно од пазарот во Вухан.
„Покрај официјалните тврдења дека ковид-19 е предизвикан од појава на инфекција на тој пазар, постојат и бројни аргументи дека вирусот ’избегнал’ од тамошната лабораторија“,
пишува СЗО.
И покрај постојаните повици од СЗО, Кина никогаш не достави целосен извештај за потеклото на коронавирусот кој однесе илјадници и илјадници животи за време на пандемијата.