Во изминатото деноноќие во светот се регистрирани 202 726 новозаразени случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на заболени лица се зголеми на 14,76 милиони, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.
Како што е соопштено, во истиот период починале повеќе од 4 000 лица и со тоа бројот на смртни случаи надмина 612 000.
Најголем број новозаразени се потврдени во Северна и Јужна Америка, 109 052, со што од почетокот на пандемијата досега се инфицирани 7 811 127 луѓе.
Најмногу пријавени случаи и понатаму имаат САД, а потоа следуваат Бразил, Индија, Русија, Јужноафриканската Република и Перу.