Откако ја одобри во петокот, Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја препорача вакцината против ковид-19 од американската компанија „Џонсон и Џонсон“ во земји каде циркулираат позаразните мутации на коронавирусот.
Препораката доаѓа од Стратешката советодавна група на експерти (САГЕ) за вакцинација при СЗО денеска која имаше состанок во понеделникот.
„Ја препорачуваме употребата во земјите каде заврзано се шират мутации. Глобално, по разгледувањето на податоците имаме вакцина која е безбедна“,
изјавил на прес-конференција експертот од СЗО, Александар Карвиото, додавајќи дека вакцината се препорачува за сите постари од 18 години.
Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ во јануари годинава соопшти дека нејзината вакцина е ефикасна 66 проценти.
На крајот на февруари, вакцината беше одобрена и во САД од Американската агенција за храна и лекови (ФДА). За разлика од „Фајзер“ и „Модерна“ кои исто така се користат во САД, вакцината на „Џонсон и Џонсон“ се користи во една доза и може да се чува во обични фрижидери, односно не бара екстремно ниски температури.
Таа е одобрен и во Канада на почетокот на март, а минатата недела доби „зелено светло“ и во ЕУ од Европската агенција за лекови (ЕМА). Јужна Африка, пак, веќе еден месец ја користи оваа вакцина за имунизација на населението.