Бројот на случаи на омикрон е „неверојатен“, а реалниот број на инфицирани и смртни случаи веројатно ќе биде поголем од официјалните бројки, сметаат од СЗО
Светската здравствена организација изрази жалење бидејќи половина милион луѓе во светот починале откако е откриен сојот омикрон на коронавирус, иако постојат вакцини.
„Иако целиот свет се изјасни дека омикронот е побенигнен, половина милион луѓе починаа откако е откриен“,
изјави претставникот на СЗО, Абди Махамуд.
Тој истакна дека во ерата на ефективни вакцини, половина милион починати е повеќе од трагично.
Според него, во светот се регистрирани 130 милиони заразени случаи и 50 000 починати откако СЗО го нарече омикрон „загрижувачка“ варијанта кон крајот на ноември.
„Бројот на случаи на омикрон е ’неверојатен‘, а реалниот број на инфицирани и смртни случаи веројатно ќе биде поголем од официјалните бројки“,
истакна претставничката на СЗО, Марија Ван Керхове.
Од ковид-19 починаа речиси 5,75 милиони луѓе низ светот од почетокот на пандемијата. Досега се употребени 10 милијарди дози од вакцините.