Алексеј Венедиктов, кој со децении е уредник на независното радио, изјави дека нема да дозволи Русија да се претвори во нацистичка Германија
Уредникот на последната руска независна радиостаница Ехо Москва, која руските власти ја отстранија од етерот неколку дена по почетокот на војната, пронашол свинска глава пред неговиот стан и антисемитски слоган залепен на вратата.
Алексеј Венедиктов, кој со децении е уредник на Ехо Москва, изјави дека нема да дозволи Русија да се претвори во нацистичка Германија.
Тој наведе дека на снимката се гледа дека свинската глава е оставена од доставувач на една компанијата, а од фирмата тврдат дека доставувачот на снимката не е нивен вработен.