Италијанскиот тенор со светска слава, Андреа Бочели, дознал дека е заболен од ковид-19 на 10 март, истиот ден како бил и тестиран.
„Моето искуство со коронавирусот е трагедија, бевме заразени сите во семејството, од симптоми имавме само температура и кашлица“,
вели Бочели за „Кориер дела Сера“.
Тој вели дека за среќа сите успеале да се излекуваат од неговото семејство, без да имаат последици.
Бочели сега е и дарител на крвна плазма, бидејќи сака да помогне во истражувањата кои се спроведуваат во Пиза.
„Тоа беше грдо искуство. Како да живеевме во кошмар, имав чувство дека немам веќе контрола, се надевав дека само ќе се разбудам од тој лош сон. Овој вирус го фрли на колена целиот свет и јас ниту денеска не можам да ја разберам оваа несреќа“,
вели тој.
Бочели, еден месец по неговото оздравување, на 12 април, одржа велигденски концерт во празната катедрала во Милано.