Новоизбраниот состав на НО попладнево ја одржа првата седница по конгресот во неделата
Актуелниот директор на Царинската управа Горан Сугаревски по вторпат е избран за претседател на Надзорниот одбор на СДСМ – функција што ја извршуваше и во изминатите четири години.
Новоизбраниот состав на НО попладнево ја одржа првата седница по конгресот во неделата, кога беше избран и нов состав на Централниот одбор на СДСМ, а потоа и нови Извршен одбор, потпретседатели и секретари на партијата.
Надзорниот одбор на СДСМ брои девет члена, а од партијата велат дека овој форум е задолжен за надгледување на финансиската и деловната активност на партијата, за оценување на статутарноста на актите и одлуките кои се носат, а надлежен е и за спроведување на Етичкиот кодекс.

„Надзорниот одбор на СДСМ во иднина фокусот на работата го става токму на одговорноста, отчетноста и почитувањето на Етичкиот кодес од страна на сите избрани и именувани функционери, но и на сите членови.
соопштија од СДСМ, по седницата на НО.
Принципот на спој на искуство и освежување, на нова енергија и полет, СДСМ го преслика и во составот на Надзорниот одбор на партијата. Меѓу новите членови има личности кои многупати досега се докажале внатре во партијата и во општеството, но има и нови лица кои се подготвени да се вложат во процесот на постојани промени на подобро и да се вградат во политиките на СДСМ“,