Таткото на бебето рекол дека англиската здравствена служба и судовите и ја одзеле на ќерка му, не само шансата да живее подолго, туку и достоинството да умре во семејниот дом во кој припаѓа, пренесува Танјуг
Тој рече дека новороденчето починало во рацете на нејзината мајка, неколку часа откако било однесено во хоспис, каде му била отстранета поддршката која го одржувало во живот
Осуммесечното бебе Инди Грегори од Велика Британија, кое се најде на светските насловни страници поради контроверзноста околу нејзиното лекување, почина синоќа, поради судска одлука, со што беше исклучена од апаратите за дишење, кои изминатите месеци ја одржувале во живот, пренесува „Гајдијан“.
Минатиот месец родителите на Инди ја загубиле судската битка да ја задржат на апарати за одржување на живот, како и да ја префрлат на понатамошно лекување во детска болница во Рим.
И покрај препораките на лекарите дека лекувањето би било безуспешно и исцрпувачко, нејзините родители инсистирале бебето Инди да продолжи да биде лекувана.
Инди боледувала од ретка митохондријална болест, генетска состојба, поради која нејзините клетки не произведувале доволно енергија и била на целосна поддршка на апарати кои ја одржувале во живот од почетокот на септември.
Нејзините лекари рекоа дека таа има силни болки и нема смисла за понатамошно лекување, пренесува „Ројтерс“.
Минатата недела, италијанската влада на бебето му додели италијанско државјанство, со цел да ја спречи одлуката тоа да не се одржи во живот и да дозволи да се пресели во Италија.
Италијанската премиерка Џорџија Мелони на платформата „Икс“ напиша дека владата направила се што можела, но тоа, за жал, тоа не било доволно.
Папата Франциско во саботата рече дека се моли за Инди, нејзиното семејство и сите болни деца.
Таткото на бебето рекол дека англиската здравствена служба и судовите и ја одзеле на ќерка му, не само шансата да живее подолго, туку и достоинството да умре во семејниот дом во кој припаѓа, пренесува Танјуг.
Тој рече дека новороденчето починало во рацете на нејзината мајка, неколку часа откако била однесена во хоспис, каде и била отстранета поддршката во живот.
„Тие успеаја да го земат телото и достоинството на Инди, но никогаш не можат да и ја одземат душата. Се обидоа да се ослободат од Инди без никој да знае, но ние се погриживме таа да биде запаметена засекогаш. Знаев дека е посебна уште од денот кога се роди“,
рече нејзиниот татко.
Апелацискиот суд одлучил дека лекувањето кое ја држи Инди во одржување во живот може да се повлече само во болница или хоспис, а не во семејниот дом.
Судијата на високиот суд, г-дин Џастис Пил, пресудил дека ограничувањето на третманот ќе биде законско и дека тоа ќе биде во најдобар интерес на Инди.
Нејзините родители не успеале да ги убедат судиите во апелациониот суд и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција, да ја поништат таа одлука.