Според него, оваа одлука ја донел со цел да не се дискредитира процесот што е започнат за потребните суштински реформи во правосудството. Смета дека е крајно време надлежните институции да покажат дека се подготвени да преземат мерки за лоцирање на виновниците и нивна евентуална одговорност
Министерот за правда Игор Филков денеска на прес-конференција ги повика судовите и Судскиот совет да преземат дејствија со кои ќе се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина Кулакова од Неготино откако во неа со автомобил удри 20-годишниот Васил Јованов.
На почетокот на своето излагање рече дека денеска се обраќа пред јавноста не само како министер за правда, туку и како граѓанин и родител.
„Денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда, судијката чие име ја бранува јавноста. Судијката беше дел од работната група која е формирана во декември 2020 година за измена на Кривичниот законик и беше дел од оптимизираната работна група за брзите измени на Кривичниот законик, со кои очекуваме да се отстранат штетните последици предизвикани со измените во 2023 година“,
рече тој.
Според него, оваа одлука ја донел со цел да не се дискредитира процесот што е започнат за потребните суштински реформи во правосудството. Смета дека е крајно време надлежните институции да покажат дека се подготвени да преземат мерки за лоцирање на виновниците и нивна евентуална одговорност.
„Одговорност мора да се утврди и тука нема компромиси. Граѓаните очекуваат правда, а институциите се должни да ја испорачаат брзо, правично и транспарентно“,
вели Филков.
Смета дека овој случај е само потврда на податоците за оцена на работата на судовите што беа презентирани пред некој ден.
„Токму брзината на постапувањето и корумпираноста беа детектирани како најголем проблем на судството со најниска оценка. Непостапувањето и бавноста отвораат можност утре да имам исти или слични случаи“,
кажа министерот за правда.
Апелираше до политичарите да не го злоупотребуваат овој случај за дневнополитички цели. Посочи дека правосудниот систем мора да се менува од корен, однадвор, но и однатре.
„Нема да дозволам неказнивост и недопирливост“,
вели тој.
На прашањето дали со разрешувањето на судијката од работна група лоцира одговорност кај неа, рече: „Апсолутно дека не“.
Поврзани вести:
- Возачот што ја прегази девојката на „Партизанска“ бил гонет и за други кривични дела, ОЈО Скопје барало притвор, Судот го пратил во поправен дом
- Возачот што смртно ја прегази 22-годишната девојка во април лани бил во притвор, а во 2022 година направил уште една сообраќајка
- За Кривичен е нејасно зошто се поврзува случајот во кој осомничениот возач е пуштен од притвор со сообраќајката на „Партизанска
- Санкциите не се одмазда, туку превенција од идни кривични дела – оценил Кривичен во пресудата против Васил Јованов за поседување дрога